Далибор Демировиќ (43) ја усмртил својата невенчана сопруга К. Г. (36) во селото Печењевце кај Лесковац, а телото на несреќната жена е пронајдено во замрзнувач.
Како што дознава телеграф.рс, убиството е откриено утрово, а полицијата интензивно трага по осомничениот Далибор Демировиќ.
Далибор со својата невенчана сопруга К. Г. имал мало дете, а мотивот поради кој го извршил ова ужасно убиство сè уште не е познат.
Се сомнева дека, откако ја убил несреќната жена, го ставил нејзиното тело во замрзнувач. Телото, по налог на обвинителството, е испратено во институт за судска медицина на обдукција.
Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и увидот е во тек, а како што се дознава, нејзиното тело е пронајдено утрово.
Истрагата по овој настан е во тек и треба да ги расветли сите околности на ова ужасно злосторство.


