Прва аблација за коморна тахикардија во Македонија. Пациентите веќе нема да бидат упатувани во странство

0
5

На Универзитетската клиника за кардиологија е извршена првата во државава аблација за коморна тахикардија. По тој повод, клиниката ја посетија министерот за здравство Азир Алиу и генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.

Министерот Алиу на прес-конференцијата истакна дека тимот од Кардиологија покажал дека македонското здравство располага со знаење, храброст и визија за врвни резултати, нагласувајќи дека ова е голем чекор напред во развојот на здравствениот систем.
Директорката на Клиниката, Даница Петкоска Спирова, додаде дека ова претставува значаен чекор во развојот на електрофизиологијата и потврда за високата стручност и посветеност на тимот.

Со воведувањето на оваа процедура овозможуваме навремено и ефикасно лекување на пациентите со сите видови аритмии, за кои досега дел од нив беа упатувани на третман во странство на товар на ФЗО, рече Петкоска Спирова.