Почина работникот што по 11 часа беше извлечен од урнатините на средновековната кула во Рим

0
8

Работникот е 66-годишен романски државјанин, идентификуван како Октај Строичи, кој бил извлечен од пожарникарите доцна во ноќта и пренесен во болницата „Умберто I“ со кардиореспираторен застој, но и покрај обидите за реанимација, работникот починал.

Работникот кој повеќе од 11 часа беше заробен под урнатините на кулата „Торе деи Конти“ во центарот на Рим почина откако беше извлечен од спасувачите и итно пренесен во болница, објавија италијанските медиуми.

Работникот е 66-годишен романски државјанин, идентификуван како Октај Строичи, кој бил извлечен од пожарникарите доцна во ноќта и пренесен во болницата „Умберто I“ со кардиореспираторен застој. Италијанските медиуми пренесуваат дека и покрај обидите за реанимација, работникот починал.
Дел од фасадата на историската кула, која се наоѓа во близина на Империјалниот форум и Колосеумот, се урна вчера наутро, предизвикувајќи облак од прашина и оставајќи ги работниците на местото. Според извештаите, тројца работници се извлечени, при што еден од нив претрпел повреда на главата. Четвртиот работник остана заробен во урнатините повеќе од единаесет часа.

Римското обвинителство веќе отворило истрага која е во тек по двете уривања, едното во 11:30 часот наутро, а другото во 12:50 часот.
Според одделот за културно наследство, уривањето го погодило потпорниот ѕид, дел од основата и скалите на кулата. Реставрацијата на „Торе деи Конти“, која започна во јуни и вклучуваше отстранување на азбест, се финансира од Европскиот план за закрепнување, а по завршувањето е планирано да стане културен центар.
„Торе деи Конти“ е историска знаменитост, изградена во 9 век и проширена во 13 век, но е затворена за јавноста од 2007 година, пренесува 360степени.мк