Метео аларм: Дожд, грмежи и северен ветер над 60 km/h

0
4

Денеска времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. На некои места врнежите ќе бидат пообилни, со услови за ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер со брзина над 60 km/h, што ќе придонесе за чувствително пониски дневни температури – минималните ќе се движат од 6 до 11°C, а максималните од 10 до 16°C.
Во среда и четврток се очекува претежно стабилно време, додека во петок и за викенд повторно се прогнозираат локални врнежи од дожд.
Внимавајте на можни влажни и лизгави коловози.