Косово ја потврди забраната за носење хиџаб во јавните училишта

0
25

Врховниот суд на Косово ја потврди одлуката на Министерството за образование која забранува носење хиџаб во јавните училишта, отфрлајќи ја тужбата поднесена од организацијата за професионален развој на жените „Арита“. Судот образложи дека Министерството има законско овластување да ги утврдува правилата за облекување и однесување на учениците.Организацијата „Арита“ тврди дека забраната претставува дискриминација, истакнувајќи дека во последните четири години повеќе девојчиња биле спречени да посетуваат настава поради носење шамија. Судот, сепак, го одби оспорувањето, наведувајќи дека правилата се во согласност со Законот за предуниверзитетско образование и Законот за стручно образование и обука