Грција станува регионален лидер во бакар и злато: Инвестиција од 1 милијарда долари на Халкидики

0
45

Халкидики, омилено место за одмор за македонските туристи, ќе добие сериозен индустриски партнер. Eldorado Gold објави дека рудникот „Skouries“ во Грција ќе стартува со производство во 2026 година, а инвестицијата тежи 1 милијарда долари. Изградбата е завршена близу 70%,
Проектот е хибриден – и подземен и површински – насочен кон две суровини кои Европа ги смета за стратешки: злато и бакар.Локалните анализи велат дека токму овој проект ќе го постави Халкидики на нова мапа – не само на туристичката, туку и на индустриската.
Извршниот директор на Eldorado Gold, Џорџ Бeрнс, изјави дека проектот Skouries напредува стабилно.