Вучиќ: Ловиме двајца снајперисти во Белград, Српските служби трагаат по странски платеници од „обоената револуција“

0
65

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека службите интензивно трагаат по двајца снајперисти во Белград. Тој изјави дека се во градот веќе три дена и дека нивното присуство е потврдено со разузнавачки податоци, јави Телеграф.
– Моментално ловиме двајца снајперисти во Белград, за кои знаеме дека се во градот. И не можеме да ги пронајдеме веќе три дена. Се надевам дека ќе успееме. Ќе видиме кои се тие и какви цели имаат. Знаеме дека пристигнале, знаеме и од каде доаѓаат парите. Верувам дека надлежните служби ќе можат да го решат тоа – рече Вучиќ.
Меѓутоа, тој нагласи дека не сака да создава паника во јавноста и дека одлучиле да не ја информираат јавноста порано, за да не се создаде впечаток дека владата ги плаши граѓаните.
– Во претходните денови и недели имавме разни разузнавачки податоци кои не беа наивни. Не сакавме да зборуваме затоа што, што и да кажете, тие ќе кажат дека владата ги плаши луѓето – додаде тој.