Во Република Српска откриен случај на тифус: Заразена студентка од Индија во Фоча

0
4

Во Република Српска е потврден случај на тифус, болест која долго време се сметаше за искоренета во регионот. Според информациите објавени од порталот Капитал.ба, тифусот е откриен кај студентка од Индија која студира на Медицинскиот факултет во Фоча, Босна и Херцеговина.

Студентката моментално е сместена во изолација, а здравствените служби ги преземаат сите неопходни мерки за нејзино лекување и за спречување на евентуално ширење на инфекцијата. Како можен извор на заразата се наведуваат лошите хигиенски услови во кои таа живеела.

Здравствениот дом и болницата во Фоча, во соработка со Медицинскиот факултет и Институтот за јавно здравство, спроведуваат епидемиолошки мерки и следење на сите лица кои биле во контакт со студентката.
Надлежните апелираат до граѓаните да нема место за паника, но и да се внимава на личната хигиена и безбедноста на храната и водата, бидејќи тифусот се пренесува преку контаминирани намирници и вода.