Во бугарската нуклеарна централа Козлодуј се случил пожар во дел од безбедносниот систем на петтиот блок, кој бил брзо изгаснат, потврдија бугарските власти. Нема регистрирано истекување на радиоактивни материи, а сите системи се под целосна контрола, јави Новините.
Противпожарните екипи интервенирале веднаш по пријавата за густ чад во просторијата, а инженерите извршиле замена на оштетената опрема и проверка на сите заштитни механизми.
Од управата на Козлодуј соопштија дека мерните инструменти не покажуваат никакви отстапувања во нивото на радијација и дека населението не е изложено на опасност.



