Србија – Возовите не возат четврти ден, патниците ги дочекаа рачно напишани известувања

0
67

Жителите на Белград кои утрово тргнале на работа со воз, повторно биле спречени да патуваат, бидејќи железничкиот сообраќај е во целосен прекин веќе четврти ден по ред. На станиците на „Беовоз“ биле залепени рачно напишани известувања дека возовите не сообраќаат до понатамошно известување, а патниците биле упатени да ги следат официјалните објави на интернет-страницата на „Србијавоз“.
Последното соопштение на ова јавно претпријатие е објавено на 31 октомври, кога возовите ненадејно запреле, а продажбата на билети била стопирана. Телефонската линија на кол-центарот е постојано зафатена, а граѓаните изразуваат незадоволство и револт поради недостаток на информации и поради тоа што средствата за веќе купените билети сè уште не им се вратени.