Коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ според досегашните официјални резултати освои 66 градоначалнички места на Локалните избори кои завршија вчера. По нив, следи коалицијата ВРЕДИ кои успеаја да освојат 8 градоначалнички позиции а поддршка му дадоа на независниот Менди Ќура во Струга, и СДСМ со 6.
Потоа следат ДУИ со добиени 4, а ЗНАМ и Унијата на Ромите, по еден градоначалник. Во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше градоначалничките места сеуште не се избрани поради недоволна излезност и во рок од 60 дена, повторно ќе биде распишана изборна постапка.


