Во четири од шест општини е победник ВМРО ДПМНЕ во вториот изборен круг од локалните избори. Кандидатите на владејачката партија д-р Владко Грозданов и Митко Костадиновски беа убедливи во Кочани и Виница, бидејќи Грозданов победи со 1.454, односно Костадиновски со 1.129 гласа разлика.Кандидатот на ВМРО ДПМНЕ Тони Тоневски освои 4.163 гласа, а на СДСМ Драган Анастасов – Ладич 4.134, што е разлика од само 29 гласа.
Во Чешиново Облешево Горанчо Крстев од СДСМ до целта не стигна за само 52 гласа, бидејќи тие отидоа на контото од Јорданче Костадинов од ВМРО ДПМНЕ. Крстев освои 1.590, а Костадниов 1.642 гласа.
Крајна неизвесност имаше и во преборојувањето на гласовите во Македонска Камница каде Соња Стаменкова од СДСМ освои 1.734 гласа, а досегашниот кандидат на Димчо Атанасовски од ВМРО ДПМНЕ 1.702, што е разлика од само 32 гласа. Во фотофинишот СДСМ и Ванчо Митев добија доверба од 691 глас, а досегашниот градоначалник од ВМРО ДПМНЕ Борчо Коцев пократок остана за само 12 гласа бидејќи за него се избројани 679 ливчиња со поддршка.
Со вчерашниот изборен втор круг, изборната слика која започна да се формира на 19 октомври е комплетирана и таа во источниот регион гласи : 10 општини со градоначалници од ВМРО ДПМНЕ и две Македонска Каменица и Зрновци од СДСМ.


