Борачките на „БК Балканец“ Бојана Ковачова со злато и Викторија Ѓурова со сребро на Меѓународниот турнир во борење во Пловдив

0
53

На Меѓународниот турнир во борење кој се одржа вчера во Пловдив, борачите и борачките на „БК Балканец“ беа успешни и дома се вратија со три медали. Бојана Ковачова во категоријата до 53 килограми донесе злато, Викторија Ѓурова се врати со сребро во категоријата до 65, а Лука Николов успеа да стигне до подиумот и освои бронзен медал во категоријата до 30 килограми. Покрај нив, одличен успех имаа и Леонид Јанков и Дамјан Крстев кои завршија на 5-тото место.