Газирани и енергетски пијалаци – тајни виновници за опаѓање на коса кај мажите

0
97

Мажите кои забележуваат засилено опаѓање на косата треба да обрнат внимание на тоа што консумираат секојдневно.

Некои пијалаци, иако вообичаени, може да имаат штетно влијание врз хормоналната рамнотежа и здравјето на скалпот.

Во видео од серијалот „Things They Don’t Tell You“, д-р Нена Чандрасекарaн објасни дека зад една честа навика се крие голем ризик.

Таа предупреди дека газираните и енергетските пијалоци се главен проблем, бидејќи според новите истражувања може да придонесат за губење коса и зголемена анксиозност кај мажите.

„Количината шеќер и адитиви во овие пијалаци може да ја наруши хормоналната рамнотежа и негативно да влијае на здравјето“, рече таа.

Додаде дека високото ниво на кофеин го зголемува хормонот на стресот – кортизол, додека вишокот шеќер ја влошува циркулацијата и предизвикува воспаленија, ослабувајќи ги фоликулите и забрзувајќи ја загубата на коса.

Комбинацијата на покачен кортизол и воспаление создава услови за слабеење на влакната, што не се ограничува само на скалпот, туку и на другите делови од телото. „Високиот стрес исто така ја зголемува воспаленоста, што ја влошува ситуацијата“, рече таа.

Како завршна порака, д-р Чандрасекарaн советува мажите да се откажат од овие пијалоци ако им опаѓа косата. Прекинувањето, според неа, може да ја стабилизира хормоналната рамнотежа и да ја намали воспаленоста, што долгорочно го подобрува и физичкото и менталното здравје.

@neenziemd Things they don’t tell you pt 383 Energy drinks and soda leads to hair loss and anxiety #hair #bald #hairtok #stress #energy #soda ♬ original sound – Neenz