Унгарија – Орбан ќе дава не само 13., туку и 14. пензија: Страв од изборите во април

0
12

Унгарскиот премиер Виктор Орбан објави дека земјата ќе исплати 14. пензија, објави националната новинска агенција МТИ.
Владата, исто така, одлучи да ги зголеми платите во социјалниот и културниот сектор за 15 отсто, да ги удвои средствата за згрижувачките родители и да изготви акциски план за подобрување на условите за децата во државните домови за сираци.
Орбан, исто така, објави дека владата одлучила да го продолжи плафонот на профитот за основните прехранбени производи, додавајќи уште 14 ставки на листата.
Дарежливите социјални политики се карактеристични за унгарскиот лидер во предизборниот период