Пустошењето на шумите треба да се казнува ригорозно. Во случајот се вмешува и Брисел

0
126

Македонското законодавство не секогаш е соодветно во однос на преписите, а судовите не секогаш постапуваат соодветно кога во прашање е пустошењето на шумите.
Ова останува голем проблем и е стимул за дрвокрадците.
Од раката на правдата освен помалите се спасуваат и организираните крадци, а се почести се и инциденти помеѓу дрвокрадците и шумската полиција. Што нужно во овој момент треба да се превземе?
Ризикот по шумите допре до Брисел, односно ЕУ, кој до сите земји испрати директива со која треба да се обезбеди меѓугранична соработка. СЕ бараат и заострени санкции, но и прецизни дефиниции за различни видови казнени дела сврзани со дрвокрадството.
Дали Македонија ќе ги заостри санкциите и ќе ги имплементира директивите е прашање за опстанок на нашите шуми кои и без тоа ги има се помалку.