Почина „девојката камионџија“ која рушеше предрасуди

0
63

Омилената инфлуенсерка „девојката камионџија“, која инспирираше многумина да влезат во светот во кој доминираат мажи, изненадно почина и ги остави своите обожаватели во шок.

Оти Кабадас (41), позната на социјалните мрежи под името Coco Trucker Girl, починала во понеделник, откако се срушила додека се враќала дома од еден настан. Популарната TikTok ѕвезда, која собра стотици илјади следбеници со своите видеа од возење камион, се жалела на силни главоболки пред да се онесвести во Алканиз, Шпанија. Била веднаш пренесена со хеликоптер во болница во Сарагоса, но кратко потоа починала. Кабадас починала од ненадеен мозочен удар.

Оти, која потекнувала од Форнелос де Монтеа во Галиција, ја напуштила својата работа како фризерка за да вози големи возила. Првпат седнала зад волан на камион на 22-годишна возраст, а подоцна се преселила во Паленија, каде нејзината кариера тргнала во нагорна линија.

Нејзината харизма, хуморот и заразната позитивност ја направија вистинска сензација на социјалните мрежи, особено на TikTok, каде имаше повеќе од 300.000 следбеници.
Преку своите видеа, таа ги славеше и убавите и тешките страни на животот на пат – од долгите патувања до нејзиниот препознатлив ритуал „петок со црвени усни“, пренесува телеграф.рс.