Парастос за покој на душите на настраданите во пожарот во Кочани

0
23

На 31 октомври 2025 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички господин Иларион во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Осечкопољски и барањски г. Херувим – СПЦ, отслужија општ парастос за покој на душите на настраданите во пожарот во Кочани и за сите упокоени, во храмот “Св. вмч. Георгиј” во Кочани.

Потоа Епископот г. Херувим со своите сопатници, го посети Лесновскиот манастир, каде срдечно беше пречекан од Митрополитот г. Иларион и братството на манастирот.