Од денеска до 15 ноември ќе трае аплицирањето за студентски стипендии

0
18

Од денеска до 15 ноември трае аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година. Министерството за образование и наука објави дека студентите може да аплицираат на конкурсот за четири категории стипендии.
-Првпат оваа година Министерството распиша и Конкурс за доделување 15 стипендии за редовни студенти запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година, за кој пријавувањето е исто така од 1 до 15 ноември 2025, стои во Конкурсот.
Во Конкурс се наведени условите и потребните документи за оваа стипендија за која месечниот износ ќе биде 6.050 денари и корисниците ќе ја добиваат девет месеци во текот на студиската година.
Студентите заинтересирани да се пријават за некоја од стипендиите на МОН и кои ги исполнуваат условите од конкурсите може да аплицираат исклучиво електронски преку платформата: www.e-uslugi.mon.gov.mk