Локални избори 2025: Започна гласањето за вториот круг. Први гласаат болните и затворениците

0
82

Денеска започна гласањето за вториот круг од локалните избори 2025 година, а право на глас најпрво го остваруваат болните и изнемоштените лица, затворениците, лицата во домашен притвор и оние сместени во старските домови.

Утре, во недела, граѓаните ќе гласаат за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, како и на три избирачки места во Шуто Оризари за избор на советници.
Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), право на глас имаат 1.013.375 граѓани.
Одобрени се вкупно 4.826 барања за гласање на болни и изнемоштени лица, кои денеска ќе го дадат својот глас, заедно со затворениците и лицата во притвор од општините каде што се одвива вториот изборен круг.

Изборната кампања заврши синоќа на полноќ, а изборниот молк ќе трае до затворањето на гласачките места утре во 19 часот. Гласањето на изборниот ден ќе се одвива од 7 до 19 часот.
Процесот ќе го следат 1.598 набљудувачи – од кои 933 се странски, а 651 меѓународен.