Ден на жалост и на протести во Србија

0
102

Десетици илјади луѓе се собрани денеска во Нови Сад за да им оддадат почит на жртвите од падот на настрешницата на железничката станица во градот пред точно една година.

Долги колони граѓани се упатија денеска околу 10:30 часот од 16 различни локации во Нови Сад кон Железничката станица, каде што во 10:52 часот се оддржа 16-минутен молк во спомен на годишнината од смртта на 16 лица под настрешницата на реновираната зграда на станицата.

„Владата на Србија донесе Одлука за прогласување Ден на жалост по повод годишнината од смртта и страдањето на граѓаните поради уривање на конструкцијата на Железничката станица во Нови Сад. За денот на жалост се одредува 1 ноември 2025 година“, се наведува во соопштението.