Ден на жалост во Србија. Комеморативен собир по повод годишнината од падот на настрешницата на железничката станица

0
9

Нови Сад денес стои во тишина. Илјадници луѓе од цела Србија пристигнаа за да им оддадат почит на 16-те жртви од трагедијата кај железничката станица.
4.000 студенти пешачеа од Белград, а нивните колеги од Нови Пазар поминаа 400 километри во акцијата „16 дена за 16 жртви“.
Точно во 11:52 – 16 минути тишина за 16 животи.
Ова не е само сеќавање, туку и повик за правда, одговорност и солидарност.
„Да не се заборави. Да не се повтори.“