Вчера во просториите на Македонскиот Олимписки Комитет (МОК) беа потпишани договорите за стипендии за наши врвни спортисти за Летните Олимписки Игри во Лос Анџелес 2028 година.
Еден од деветте стипендисти е нашиот најдобар атлетичар на сите времиња – Дарио Ивановски, учесник на ЛОИ Париз 2024 и лидер на македонската атлетика со импресивна кариера:
Два најмоќни атлетски резултати во историјата на Македонија: Валенсија маратон 2:11:53 и Севиља маратон 2:08:26.
Најдобар личен пласман на Европско првенство во маратон 2025 – 13-то место во Брисел.
Балкански шампион на 3000м (сала, 2021), полумаратон (2022, 2023) и маратон (2025).
12 медали на Балкански првенства (4 златни, 5 сребрени, 3 бронзени).
Победник на Скопскиот интернационален маратон (2021, 2025) и полумаратон (2017–2019).
Многу пати државен првак и актуелен рекордер на Македонија во 9 дисциплини, со 32 национални рекорди заклучно со април 2025.
Интернационални успеси: второ место на Мајами полумаратон 2024 (01:05:17), победи на Белград полумаратон (2017, 2018) и победник на ЕП 3-та дивизија во 5000м во Марибор 2025.
Избран за најдобар атлетичар на Македонија шест пати, спортист на годината во Македонија и Скопје повеќе сезони.
Дарио ја оправдува довербата на МОК и ИОК со конзистентни врвни резултати, рекорди и норми за настап на европски и светски првенства. Неговата стипендија е пример за идните генерации на тоа како професионализмот, упорноста и љубовта кон спортот носат резултати.



