По утринската магла во пониските котлини, денеска ќе преовладува умерено облачно време со кратки сончеви периоди, соопштува УХМР. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -1 до 5 Целзиусови степени, а дневните од 15 до 20 степени.
За време на викендот се очекува стабилно и претежно сончево време, а нови врнежи се најавуваат од понеделник.



