Уапсен возачот што прегази 11-годишно девојче во Скопје и избегал од местото на несреќата

0
46

Скопската полиција го уапси возачот кој пред три дена удри во 11-годишно девојче на улицата „Перо Наков“ и побегна од местото на настанот.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека станува збор за 59-годишен скопјанец со иницијали Б.Р., кој синоќа околу 19:30 часот бил лишен од слобода од единици на интервентната полиција при СВР Скопје, по преземени мерки и активности за пронаоѓање на него и возилото.

Девојчето веднаш било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде лекарите констатирале тешки телесни повреди од ударот.

Скопјанецот се сомничи дека на 28 октомври околу 20:30 часот, со возило „Фиат Сеиченто“ удрил во девојчето, по што го напуштил местото на настанот.
По наредба на јавен обвинител, Б.Р. е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.