Околу 5.000 студенти денеска пристигнуваат во Нови Сад, каде утре ќе се одржи голема комеморативна средба по повод одбележувањето на годишнината од падот на надстрешницата на железничката станица во овој град и смртта на 16 лица, што предизвика бран на студентско и граѓанско незадоволство од режимот кој ни по една година не ги казни одговорните.
Покрај студентите, за одбележувањето на годишнината се очекува да пристигнат и повеќе десетици илјади луѓе од цела Србија, самостојно или во организација на опозициски партии, движења и невладини организации.
Утре се навршуваат 12 месеци од кога падна надстрешницата на железничката станица во Нови Сад и на местото загинаа 14 лица, меѓу кои и деца. Подоцна уште две жртви почина во болница.


