Прв ваков снег во Рејкјавик по 100 години – рекордни 40 сантиметри во октомври

0
34

На 27 и 28 октомври, исландската престолнина Рејкјавик ја зафатија обилни снежни врнежи. Во вторник наутро беа измерени 27 сантиметри снег, а во среда наутро, на 30 октомври, дури 40 сантиметри. Ова се нови рекордни врнежи на снег за Рејкјавик во октомври. Досегашниот октомвриски рекорд изнесувал 15 сантиметри, измерени на 22 октомври 1921 година. Мерењата на снежните врнежи во Рејкјавик се вршат од 1921 година.
Иако Рејкјавик е најсеверната престолнина во светот, снежната покривка не е вообичаена за октомври. Апсолутно најголемата снежна покривка измерена во Рејкјавик изнесувала 55 сантиметри, во јануари 1937 година.
Во некои области има и мраз, поради делумното топење на снегот во текот на денот и неговото замрзнување во вечерните часови. Снегот и мразот предизвикаа поголеми проблеми во сообраќајот и откажување на летови.