Обвинение против 45-годишен од Велес откако полицијата му пронашла две пушки, два пиштола, карабин, репетирачка пушка, куршуми и патрони

0
33

Велешанец на возраст од 45 години, со иницијали А.З., заработи кривична пријава откако при полициски претрес во неговиот дом бил откриен вистински арсенал на оружје и муниција.

Според полицискиот билтен, СВР Велес поднесе пријава против него поради основи на сомнение за сторено кривично дело – неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Претресот бил извршен на 9 февруари 2025 година, кога полициските службеници пронашле и одзеле значителна количина оружје, меѓу кои: – две ловечки пушки, – ловечки карабин, – два пиштола, – расклопен ловечки карабин, – репетирачка пушка, – 146 куршуми и 21 ловечки патрон.

Сите предмети биле запленети како докази, а случајот е предаден на надлежното обвинителство. Истражните органи ќе утврдуваат како осомничениот дошол до оружјето и дали истото било користено за други незаконски активности.

Превземено: Прв