Вечерва започнува предизборен молк, утре гласаат болни, изнемоштени, затвореници и лицата во домашен притвор

0
65

Вечерва завршува двонеделната кампања за вториот круг од Локалните избори 2025, кои ќе се одржат в недела, на 2 ноември. На полноќ започнува изборниот молк, што ќе трае до недела во 19 часот, кога се затвораат гласачките места.

Во вториот круг граѓаните ќе гласаат за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, додека во општина Шуто Оризари ќе се прегласува на три избирачки места за членови на Советот.

Во сабота, еден ден пред главното гласање, први на избирачките места традиционално ќе гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и лица во домашен притвор, чии пријави се прифатени од општинските изборни комисии.

Превземено: Пресс24