Македонскиот тим на 18. Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2025), која се одржа од 24 до 30 октомври во Ларнака, Кипар, оствари одличен резултат – еден сребрен и еден бронзен медал.
Тимот, составен од Владимир Грчев (Кочани), Марко Кренков (Струмица), Зоран Илијоски (Кичево) и Јаков Грујовски (Скопје), предводен од д-р Миле Јованов и д-р Емил Станков од ФИНКИ, се натпреваруваше во алгоритамски задачи за ученици до 15,5 години.
Во силна конкуренција од 33 учесници од Балканот, сребрениот медал го освои Марко Кренков, бронзениот – Владимир Грчев, а Зоран Илијоски и Јаков Грујовски се вратија со олимписка пофалба.
Со ова, македонските ученици во 2025 година собраа вкупно два златни, три сребрени, пет бронзени медали и шест олимписки пофалби на меѓународни информатички натпревари.
Претседателот на ЗИМ, д-р Миле Јованов, истакна дека резултатите покажуваат континуитет на врвни достигнувања и потенцијал за идни меѓународни успеси, додавајќи дека подготовките за ЈБОИ 2026 во Сараево, Босна и Херцеговина, веќе започнуваат.



