Пукотници во Струга среде ноќ. Полицијата на терен, граѓаните вознемирени

0
38

Пукање од огнено оружје се случило рано утрово околу 3 часот после полноќ во Струга. Граѓани и некои струшки Фејсбук страни на социјалните мрежи објавуваат видеа и фотографии од полициски сили кои излегле на лице место, и од оштетувања на објекти во кои завршиле истрелите.

До овој момент освен објавите на социјалните мрежи нема официјална информација од надлежните што се случило, пренесува охрид1.ком.