Повеќе од 15 илјади Македонци сезонски работеле во Хрватска

0
63

Работната миграција од Македонија останува стабилна, а најизразена е во летниот период. Според Зоран Кочовски, сопственик на агенцијата за посредување при работа во странство „Коузон“, оваа сезона над 15.600 Македонци сезонски работеле во Хрватска.

„Според нашите податоци, над 15.680 лица од Македонија биле регистрирани како сезонски работници во Хрватска“, изјави Кочовски за ТВ 21.
Во Грција работеле околу 1.400 Македонци, во Бугарија помалку од 800, а во Црна Гора околу 350. Забележан е и раст на вработувања во Белгија, Франција, Кипар и скандинавските земји, најчесто преку краткорочни договори.
Кочовски предупредува дека Европската Унија од наредната година воведува нов систем на квоти за странска работна сила, со што земјите-членки ќе имаат ограничен број дозволи за вработување.

„Дали следната година повторно ќе имаме 15 илјади Македонци во Хрватска ќе зависи од европските квоти и регулативи,“ вели Кочовски, додавајќи дека воведувањето електронски систем на евиденција ќе го намали „работењето на црно“.