Нема да може секој да оди на сезонска работа во Хрватска и Германија

0
23

Европската Унија воведува нов систем на квоти за ангажирање странски работници, со што земјите членки ќе имаат ограничен број дозволи за вработување на странци. Тоа значи дека бројот на Македонци кои ќе можат да работат сезонски во Хрватска значително ќе се намали, вели Зоран Кочовски од Агенцијата „Коузон“ за вечер.ком.

Оваа година во Хрватска работеле над 15.600 Македонци, а во Грција, Бугарија и Црна Гора неколку илјади помалку. Од следната сезона, бројките ќе зависат од европските квоти и новиот електронски систем за евиденција на работниците.
Истовремено, Германија речиси не издава нови работни дозволи, поради економскиот пад и затворање компании. Тамошните работодавци бараат повисока ефикасност и задолжително познавање на германски јазик.

Во последно време расте интересот за работа во Белгија, Франција, скандинавските земји и на Кипар, каде што македонските работници најчесто се ангажираат сезонски, пренесува вечер.ком.