На 29.10.2025 година во 11:10 часот, во СВР Скопје, М.А. (61) од Скопје пријавил дека претходната ноќ, на 28.10.2025 околу 00:30 часот, на подрачјето на Гази Баба бил жртва на измама и грабеж.
Додека се наоѓал во своето патничко возило, непознато лице му се приближило и лажно се претставило како полициски службеник. Од него побарало документи од возилото, а потоа го натерало да влезе во друго возило, при што му одзело пари и платежна картичка. По инцидентот, сторителот го оставил оштетениот на подрачјето на општина Аеродром.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето кое се претставило како полициски службеник.


