Загреб: Сајбер напад на ситемот нa електричните трамваи. Активирани безбедносни протоколи

0
77

ЗЕТ објави дека поради сомневање за кибернетички напад, денес претпладне привремено е исклучен неговиот информативен систем. „Активирани се безбедносни протоколи за заштита на системот и во соработка со надлежните органи и надворешни експерти работиме на процена и анализа на состојбата“, се наведува во соопштението.

Превозот со трамваи и автобуси функционира непречено, но продажните места на ЗЕТ и шалтерите за продажба на жичарата се надвор од функција, а привремено е недостапна и можноста за плаќање на превозната услуга преку апликацијата MojZET и користењето на порталот moj.zet.hr.

„Вредносните и претплатните физички картички продолжуваат да функционираат, а за плаќање на превозната услуга достапни се и хартиените карти кај возачите и на киосците на договорните партнери. За резултатите од анализата и понатамошните чекори ќе ја информираме јавноста навремено“, соопшти ЗЕТ.