Во спомен на Св. Иларион Мегленски, во Штип ќе се одржи Свечена Архиерејска Литургија

0
8

Во понеделник, 3 ноември 2025 година, кога Светата Православна Црква го прославува споменот на Св. Иларион Мегленски и Преп. Иларион Велики, во храмот посветен на Св. Иларион Мегленски (на влезот во Штип, спроти „Лук Оил“), ќе се одржи Свечена Архиерејска Литургија.

Богослужбата ќе ја предводи Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со повеќе архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Дочекот на архиереите е закажан за 08:00 часот, по што ќе започне Светата Архиерејска Литургија.
Воедно, вечерната богослужба ќе се одржи во недела, 2 ноември, со почеток во 17:00 часот.

Верниците се повикуваат да присуствуваат и да земат учество во соборната молитва и духовната радост по повод празникот на светиот заштитник на храмот.