Маша Зиповски, која во Србија ја води популарната емисија „Бинго“, вчера навечер ненадејно се почувствува лошо за време на директниот пренос. Почна да трепери додека ги читаше бројките, потоа се сруши, членовите на тимот веднаш ѝ притрчаа на помош, а програмата беше нагло прекината. Снимката брзо се прошири на социјалните мрежи.
Накратко по настанот, водителката се огласи на својот Инстаграм-профил:
„Ви благодарам на сите за грижата. Се случува, но сега е сè во ред. Извинете за прекинот на програмата и ви благодарам за разбирањето. Од утре веќе се гледаме“, напиша таа.


