Бих – САД ги укинаа санкциите против Милорад Додик и уште 48 физички и правни лица

0
61

САД ги укинаа санкциите против Милорад Додик, претседател на Сојузот на независни социјалдемократи (SNSD), и Жељка Цвијановиќ, членка на Претседателството на БиХ, објави РСЕ. Од листата на санкции се отстранети и членови на семејството на Додик, нивните компании и блиски соработници, како и вкупно 48 други физички и правни лица, претходно санкционирани во рамките на Програмата за санкции за Западен Балкан.
Стејт департментот истакнува дека последните одлуки на Народното собрание на РС треба да ја подобрат стабилноста на БиХ и да овозможат партнерство со САД врз основа на заеднички интереси, економски потенцијал и просперитет.