Американската војска нападна брод, велат дека превезувал дрога: четворица мртви

0
105

Американската војска вчера уби четворица мажи за време на напад врз сомнителен брод за превоз на дрога во источниот Пацифик, изјави американскиот министер за одбрана Пит Хегсет, според Ројтерс.
„Овој брод, како и сите други, според нашите разузнавачки информации, бил вклучен во нелегална трговија со дрога. Патувал по позната рута за трговија со дрога и носел наркотици“, рече секретарот за војна пит Хегсет во објава на Икс.