Албанскиот премиер Еди Рама на Парискиот мировен форум изјави дека непризнавањето на Косово од страна на Србија е „фундаментален проблем“ за регионот.
Рама рече дека Балканот мора да избере помеѓу поделба и соработка.
„Косово е проблем затоа што за нас е држава со свои права. Но, за Србија или за другите земји – не е. Тоа е голем проблем. Или ќе продолжиме да се осврнуваме назад, да ги разгоруваме тензиите и негативната енергија и да си наштетуваме себеси и на нашата економија – ние сме мали пазари – или ќе бидеме заедно. Другата алтернатива е да не се согласуваме и да не соработуваме“, рече Рама, според Koha.net.


