25 евра е најниско пријавената кирија за стан во Штип во кој живеат странци. УЈП бара начин како да ги сопре манипулациите

0
99

УЈП Штип е пред сериозен предизвик како да ги собере даноците од кириии на станови чии сопственици ги издаваат по едни, а поради избегнување на данок пријавуваат смешно ниски кириии.

За илустрација, најниско пријавената кирија е 1.500 денари, а станува збор за стан во кој се сместени студенти од странство. Ова во старт е нелогично бидејќи цената на кириите во Штип се движи од 300 па до 500 евра.

Ова е разлика од најмалку 10 пати што автоматски значи и десет пати помал платен данок.
До овој момент во УЈП Штип присилно се прават слепи на овие манипулации бидејќи вистината ја знаат сите, но велат избори на Тв Стар сеуште нема механизми и алатки со кои ќе се докаже вистинската цена или пак ќе се вопостават критериуми за да се одреди реалната цена на данокот.

Освен што во УЈП се пријавуваат исклучително ниски цени на киријата, огромен број на станодавци воопшто и не пријавиле дека немаат кираџии што е уште полошо од пријавувањето на мали кириии.

Според добиентите податоци во моментов во Штип се издадени само 450 станови, а во реалноста овој број е барем двојно поголем.
На нивно на дирекција што ги опфаќа градовите Штип, Свети Николе, Пробиштип, Виница, Кочани и останатите општини од источниот регион заедно со Куманово, пријавени се едвај 900 станови под закуп, што исто така укажува дека праксата е иста.