Сите дојави за поставени експлозивни направи во основни училишта во Скопје и Куманово се покажале како лажни, информира Министерството за внатрешни работи по извршените проверки.
„Во СВР Скопје и СВР Куманово вчера околу 18 часот пријавено е дека на електронските адреси на 30 училишта во Скопје и 17 во Куманово пристигнале пораки за наводно поставени експлозивни направи. Веднаш беа преземени сите неопходни мерки и активности и утврдено е дека се работи за лажни пријави“, соопштија од МВР.
Поради безбедносни причини, попладневните активности во училиштата беа прекинати, а учениците беа испратени дома додека траеја полициските проверки.


