ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Р.Т.(46) од Кочани поради постоење основи на сомнeние за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 07.09.2025 во с.Долни Подлог, пријавениот со огнено оружје упатил закани на едно лице.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Б.В.(37) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење службено дејствие“. На 08.08.2025 во угостителски објект во Виница, пријавениот со дрвен предмет нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија, соопштуваат од МВР.



