Црногорската полиција објави дека осум лица се уапсени во Подгорица за кривични дела со елементи на поттикнување национална и верска омраза и насилство.Пред два дена, во подгоричката населба Забјело, дојде до физичка пресметка пред угостителски објект, во која едно лице од Подгорица, М. Ј., беше повредено со нож. Полицијата идентификува и приведе двајца лица — еден турски и еден азербејџански државјанин — поврзани со случајот.
Во вечерните часови, дел од граѓаните на Подгорица излегоа на улиците, при што беа забележани ксенофобични скандирања, оштетување на возила и дополнителни полициски интервенции.
Полицијата соопшти дека службеници на Секторот за гранична полиција – инспектори за странци, презеле 55 мерки против странски државјани


