Хрватска/Србија – Спречена испорака на нафта за Србија, милион барели застанати во Омишaљ

0
37

Американските санкции кон Нафтната индустрија на Србија (NIS) го спречија пристигнувањето на милион барели сурова нафта, која требаше да обезбеди работа на единствената рафинерија во земјата во Панчево.

Анонимни извори за Ројтерс изјавиле дека Србија има уште само неколку дена резерви пред рафинеријата да биде приморана да запре со работа. Тенкерот „Maran Helios“ со казахстанска нафта пристигнал во хрватскато Лука Омишаљ на 9 октомври, но нафтата не стигнала до Србија.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, сепак увери дека постојните залихи ќе го обезбедат снабдувањето до крајот на годината и дека нема да има енергетска криза или недостиг на нафта и деривати.