Србија – 40 години казна затвор за возење по дејство на алкохол, се предлагаат најстроги казни за пијани возачи

0
8

Агенцијата за безбедност во сообраќајот предлагаат казните за возење под дејство на алкохол што одзема животи да се изедначат со оние за брутално убиство, до 40 години затвор. Дополнително, Агенцијата предлага трајно одземање на возилата, без оглед на сопственоста, и значително повисоки казни.

Само оваа година, 39 лица загинаа на српските патишта поради возење во пијана состојба. Меѓу нив имаше и деца. Повеќе од 1.100 лица беа повредени. Кај дури 1.200 возачи беше утврдено дека имале помеѓу 1 и 2 промили алкохол во крвта. Уште попоразително, во речиси 700 случаи, возачите имале повеќе од 2 промили. Овие бројки не се само статистика, туку се и изгубени животи, уништени семејства и трагедии што можеа да се спречат.