Пукање и напад со нож по сообраќајка на Бит Пазар. Повреден 21 годишен скопјанец

0
39

„На 26.10.2025 во 17:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит-пазар во Скопје, по претходна расправија во врска со случена сообраќајна несреќа, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Б.(21) од Скопје и друго машко лице, кое употребило остар предмет и му нанело повреда на Б.Б.. Другото лице заминало од местото, но набргу се вратило и испукало неколку истрели од огнено оружје и не повредило никој. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.