Насилство во Подгорица: Турски новинар го критикува црногорскиот премиер-„Не можете да ја натерате цела Турција да плати за ова. Проблемот е во вашата политика….”

0
9

Жителите на населбата Забјело во Подгорица синоќа излегоа на протест по нападот и избодувањето на еден од нивните сограѓани од страна на група турски државјани. По инцидентот следеа напади врз имотот на турските граѓани.
Во центарот на Подгорица беше демолиран угостителски објект во сопственост на турски државјанин, а полицијата истражува и кој го запалил автомобилот во турската компанија „Зерен моторс“.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ најави итно укинување на безвизниот режим за граѓаните на Турција. „Со цел да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, ќе започнеме интензивни разговори со Република Турција за најдоброто решение во духот на соработка и сојузништво“, напиша Спајиќ на X.
На ова реагираше турскиот новинар Ибрахим Хаскологлу: „Не можете да ја натерате цела Турција да плати за ова. Проблемот е во вашата политика. Вие прифативте лица вклучени во нелегално перење пари и измами, а не организиравте нивна екстрадиција. Тие почнаа да ја преземаат вашата земја, а вие ги користевте нивните валкани пари за економијата. Сега се обидувате Турција да ја смири ситуацијата, но проблемот е ваша политика.“

Во Црна Гора, со околу 623 илјади жители, живеат околу 100 илјади странци, од кои над 13 илјади се турски државјани.