По повод Светскиот ден на мозочниот удар – 29 октомври, Универзитетската клиника за неврологија денес организира отворен ден за граѓаните под мотото „Мозочниот удар се лекува“.
Во рамки на настанот, на 28 октомври (вторник), од 10:00 до 12:00 часот, ќе се врши бесплатен доплер преглед на каротидни артерии за сите заинтересирани лица, без потреба од упат, информира Министерството за здравство.
Од Клиниката порачуваат дека редовните контроли и навремено откривање на ризик факторите – како висок крвен притисок, шеќер, покачени масти, пушење и недоволна физичка активност – се клучни за превенција на мозочниот удар.
Граѓаните се повикуваат да го искористат денешниот бесплатен преглед и да се информираат за начинот на навремено препознавање и спречување на ова сериозно заболување.



