Словенечките министри за внатрешни работи и за правда Боштјан Поклукар и Андреја Катич, поднесоа оставки откако група Роми на смрт претепале маж што го бранел своето дете во Ново Место. Премиерот Роберт Голоб ги прифати оставките и ја призна одговорноста на државата
Алеш Шутар (48) во саботата тргнал да го извлече својот син од ноќен бар, откако му се пожалил дека бил нападнат од група Роми. Кога пристигнал, групата го нападнала и го претепала. Лекарите констатирале тешки повреди на главата, внатрешно крварење и скршен пршлен.
Властите со години се оглушувале на барањата да спроведат поцврсти мерки за интеграција на Ромите. Барањата се засилиле во изминатите месеци поради зачестените инциденти.


